Се’ е подготвено за големиот спектакл на 15-ти октомври – „Ил Диво“ конечно во Скопје!

Во „Арена Борис Трајковски“

Веќе добро знаете дека интернационалната музичка светска атракција, „Ил Диво“, оваа година ќе ги одржи своите незаборавни концерти во 60 избрани градови низ светот, меѓу кои секако е и Скопје. Концертот е закажан на 15-ти октомври, во „Арена Борис Трајковски“.

Подготовките за овој спектакл се во полн ек, а македонската публика прв пат ќе има можност да биде дел од спектакуларното аудио-визуелно шоу какво што генијалните „Ил Диво“ го приредуваат секаде ширум светот, рушејќи ги концертните рекорди.

Сценскиот проект на оваа турнеја е посебно шоу со досега невидени елемeнти кои вклучуваат восхитувачки ефекти, светло, ласери и визуелизации. За да се функционира совршено, ќе се погрижи тим од 50 професионалци задолжени за продукцијата и за техничката реализација на концертот.

Целиот тим кој работи на комплетната техничка реализација на нивната светска турнеја го подготвува и големиот спектакл во Скопје. Токму тие ќе се погрижат овој концерт да биде доведен до перфекција.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.