Саша Поповиќ сака на Евровизија: Чувал песна стара 11 години, а еве кој избрал тој да ја пее! (ФОТО)

Познатиот музичар „пука“ на големо...

Јавниот сервис на Србија на почетокот на септември распиша конкурс за избор на композиција која ќе ја претставува Србија на Евровизија, а сега е познато дека помеѓу 900 пријави, се наоѓаат и Драган Којиќ – Кеба, Гордана Лазаревиќ, но и Саша Поповиќ.

Наводно, помеѓу пријавенит е и Александар Симиќ. Учесник во „Ѕвездите на Гранд“, чиј ментор беше Драган Стојковиќ Босанац. На него музички идол му е Здравко Чолич, а во натпреварувањето изведуваше оперски арии.

Саша Поповиќ му вети дека има песна за него за на Евровизија, но сега е непознато со кого ќе настапува тој во дует.

„Постои песна која ја чувам 11 години, тоа е песна која ќе биде наменета за тебе, без оглед дали ќе испаднеш во овој круг или одиш понатаму. Тоа е дуетска песна која ќе ја пееш со уште едно момче од „Ѕвездите на Гранд“, нема да кажам кое ќе биде тоа и таа песна ќе ја пријавиме за следната година за избор за песна на Евровизија. Сигурен сум дека РСТ ќе ја прифати таа песна“ – изјавил Поповиќ, а Александар се шокирал и се заблагодарил и признал дека Евровизија е неговиот најголем сон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Simic (@aleksandarsimic1)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.