Радмила Манојловиќ купила бесен автомобил од 40.000 евра! (ВИДЕО)

Машала...

Српската пејачка Рада Манојловиќ неодамна се почасти себе си со нов автомобил од марката Мерцедес, вреден околу 40.000 евра.

Имено, екипата на „Папарацо лов“ ја снимило пејачката како доаѓа на снимање на една емисија со скапиот автомобил.

Во прашање е караван кој е сон на секој маж. Пејачката признала дека била мета на критики поради кои и се потсмевале дури и работниците на бензиските пумпи, а кога го купила новиот, таа повторно била критикувана.

„Мене народот ми се смееше. Јас девет години возев Пежо 207. И тоа ми се смееа луѓето кои работат на бензиска пумпа или во продавница. Јас застанувам да наточам гориво, а тие ми велат: Па, ти уште го возиш тој велосипед. Колку пати на царина ми кажале: Па, ти уште не си го променила автомобилот“ – рекла Рада и додала:

„Извини, те молам, зошто би го менувала кога никогаш не ме изневерил кога треба да ме однесе од точка А до дочка Б? – изјавила Манојловиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.