Првата финалистка на „Заблескај“, Кристина Стрезоска: Ми се допадна коментарот на Александар Тарабунов! (ФОТО)

Кристина пееше песна на Алиша Кис...

Вчера се емитуваше третата емисија од втората сезона на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај“, каде ги добивме новите двајца финалисти…

Но, првата натпреварувачка која обезбеди пласман во финалето во првата емисија беше младата и талентирана Кристина Стрезоска (17).

Таа уште во првите неколку секунди ги импресионираше членовите на жирикомисијата, популарните пејачи Александар Тарабунов и Иван Јованов.

По повод пласманот во финале, решивме да поразговараме со Кристина со цел да ни открие повеќе работи за себе…

Кристина вели дека била сигурна во себе дека ќе влезе во финалето, а зошто? Ни открива лично таа…

„Да, очекував да влезам во финале, бидејќи секојдневно максимално се посветувам на пеењето“.

На прашањето зошто баш таа песна, Кристина вели:

„Ја одбрав таа песна бидејќи го обожавам тој жанр на музика и затоа таа беше мојот избор. Морам да истканам дека ми се допаднаа коментарите на двајцата пејачи, но посебно би го издвоила коментарот на Александар Тарабунов кој  искоментира дека мојот глас светски звучи – ни изјави младата пејачка.

Ја прашавме кој ќе биде нејзината најголема поддршка во публиката кога ќе се одржува финалето, Кристина открива:

„Мојата наголема поддршка во публика ќе бидат мојата мајка, брат и моето друштво“…

Поглднете го уште еднаш нејзиниот настап:

Инаку, „Заблескај“ е оригинален мултимедијален проект на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, поддржан од ОРБИТ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.