Преку Валенсија, Русинката Маша од Скопје ќе го осовојува светскиот музички пазар: Ова е нејзината нова песна „Voices“ (ВИДЕО)

Уживајте и споделете...

Фото: Промо

Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за крупни чекори.

Со оглед на тоа дека за музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат.

Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката.

Фото: Промо

„Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак на музиката и аранжманот се потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски.

Фото: Промо

– Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат – вели младата Маша.

Се разбира, Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој направи одлично ремек-дело.

Да не должиме многу, слушнете, погледнете и споделете на вашите социјални мрежи:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.