Познатиот Рон Џереми префрлен во ментална болница: Порно-актерот прогласен за неспособен за судење! (ФОТО)

Му се заканува казна затвор од 300 години...

Поранешниот порно-актер Рон Џереми е префрлен во државата болница за ментално здравје, откако бил прогласен за неспособен за судење поради силување и сексуално вознемирување, соопшти потпаролот на обвинителството во Лос Анџелес.

Како што е соопштено од канцеларијата на обвинителот, Рон може да остане во болница две години.

Сослушувањето на кое повторно ќе се разговара за менталното здравје на Џереми е закажано за на 8-ми мај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ron Jeremy (@realronjeremy)


Џереми (69) е обвинет за силување и полно вознемирување по 30 точки за период од 23 години.

Тој во август 2021 година се изјаснил дека не е виновен за повеќе од 30 точки за сексуален напад, вклучувајќи и 12 за силување во областа на Лос Анџелес за период од 23 години, за што му се предивидува казна затвор од 300 години.

Според обвинувањето, Џереми сексуално злоставувал жени од 15 до 51 години, односно од 1996 до 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ron Jeremy (@realronjeremy)


Судијата во Лос Анџелес соопштил дека одбраната на Џереми приложила документи дека тој боледува од „неизлечливо неурокогенитивно пореметување“.

Адвокатот кој го застапува Џереми, соопштил дека во 2022 дека неговиот клиент не можел да го препознае кога го посетил во ќелијата пред судското сослушување.

Џереми е еден од најпознатите порно-актери во порно индустријата и настапувал во повеќе од 1700 филмови од 1979 година, кога ја започнал кариерата.

Коментарите се заклучени.