Познатиот музичар сподели убави вести: Го победи ракот во четвртиот стадиум! (ФОТО)

БРАВО!

Музичарот Марк Хоупс, басист и пејач во бендот „Blink-182“ се огласи на социјалните мрежи и сподели со следбениците прекрасни вести за својата здраствена состојба.

„Многу сум благодарен денес. ЦТ снимката е чиста и немам рак. Благодарен сум на секој ден и зошто сум тука. Ве сакам сите – порачал со фотографија на која му вадат крв.

Да потсетиме, пејачот уште во јуни минатата година откри дека се излечил од ракот кој бил во четвртиот стадиум.

„Бев кај секој онколог и повеќе немам рак. Му благодарм на Господ и свемирот, пријателите, семејството и сите кои ми праќааа поддршка, добрина и љубов“ – напишал музичарот тогаш.

„Морам на прегледи на секои шест месеци и ќе ми треба време до крајот на годината да се вратам во нормала, но денеска е неверојатен ден и се чуствувам благословено – додал тој“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.