Познатиот мејк-ап артист Марјан Петров во Абу Даби со Јелена Томашевиќ и Андреја Бочели, на плажа со Јелена Карлеуша! (ФОТО)

Томашевиќ барала да биде нашминкана од рацете на познатиот струмичанец...

Познатиот мејк-ап артист Марјан Петров деновиве на специјална покана на српската музичка ѕвезда Јелена Томашевиќ, присуствува во Абу Даби, каде таа настапуваше зааедно со еден од најдобрите вокали на сите времиња, големиот Андреја Бочели.

Томашевиќ инсистирала на овој важен настап за неа во Абу Даби да биде нашминкана токму од рацете на познатиот струмичанец Марјан, со кого соработува веќе подолго време.

„Ми претставуваше голема чест да бидам задолжен за изгледот на Јелена. Без размислување ја прифатив нејзината покана. Имав прилика да бидам во бекстејџот и да се запознаам и со Бочели и неговиот тим и морам да кажам дека се уште сум под импресии од скромноста на тие луѓе, а сите знаеме колку е тој голем и важен за музичкиот и светскиот шоу-бизнис“ – вели Петров.

Инаку тој посетата во Дубаи ја искористи да се дружи и со неговата пријателка, атрактивната струмичанка Маја Владевска која веќе долги години живее таму и работи како евент-менаџер.

Тие исто така имале прилика на една од плажите во Абу Даби да се сретнат и со српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша, која веќе неколку дена ужива на топлото време…

Погледнете:

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.