Погледнете како изгледа кога Новак Ѓоковиќ чека слава: Ана Бекута пее, татко му крева раце! (ВИДЕО)

Весело...

Познатата пејачка Ана Бекута вчера пеела на куќната слава на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговото семејство.

Бекута направила атмосфера за паметење, а моментите од оваа прослава стигнале и до јавноста.

Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ бил највесел, па цело време пеел заедно со Бекута, додека од него не се одвојувала сопругата Дијана.

Пејачката ги нижела добро познатите песни, а гостите цело време одлично се забавувале.

Покрај бројните личности од српската јавна сцена, на славата гостин бил и српскиот поглавар на СПЦ Патријархот Порфирије.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.