Пијано момче вперило пиштол во Харис Џиновиќ: Инцидентот се случил после негов настап, а крајот добил шокантен епилог! (ФОТО)

Не е лесно секогаш да си пејач...

Харис Џиновиќ е еден од најпопуларните фолк-пејачи на просторите на поранешна Југославија, а неговиот живот го одбележал еден инцидент кој се случил во далечната 1997 година.

Родениот Сарајлија настапувал во еден ноќен клуб, кога доживеал доста непријатна случка. На Џиновиќ му пришло младо момче со пиштол, а иако тогаш се пишувало дека тој е протеран од Сараево, пејачот подоцна објаснил што се случило.

Сташно ме погодија некои пишувања во тоа време, дури стекнав впечаток дека некој намерно сака да ме избрка од Сараево и да го претстави како град во кој ниту еден Харис Џиновиќ не може да живее во мир. Мојот престој во Сараево секогаш бил многу пријатен,. Сретнав многу стари пријатели, многу непознати, но срдечни луѓе, во една вечер се сеќавам дека поделив преку 300 автограми. Тоа доволно говори дека оној стар дух на Сараево се уште живее – рекол Џиновиќ тогаш за „Сабор“.

На директно прашање за наводна закана со пиштол и прогонот од родниот град, Харис имал порака.

– Од сето тоа само едно е точно, а тоа дека едно момче, најверојатно пијан впери пиштол во мене. Тоа се случи во познатиот сараевски клуб „Фис“, каде се собираат познати спортисти и музичари. После концертот во Скендерија, нашето друштво замина во тоа кафуле и некаде околу четири часот наутро дојде до тој инцидент. Нормално, момчето брзо го вразумија, тој го тргна оружјето, а потоа дури и му испеав една моја песна. После тоа ми кажаа дека утредента дошол да се извини на сопствениците, а дека барал извинување и од мене. Што се однесува до протерувањето, немаше ништо од тоа. Да повторам, во Сараево секогаш срдечно сум бил дочекуван.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.