Земја без банкомати, интернет и пасоши: Многумина го изгубиле животот обидувајќи се да побегнат!

Владата забранила речиси се’!

Државата има само една пивара, во која може да се испие само едно пиво

Државата Еритреја е држава во источниот дел на Африка, на брегот на Црвено море.

Се граничи со Судан на северозапад, со Етиопија на југ и Џибути на југоисток. Еритреја обично се опишува како една од најрепресивните држави во Африка, како место каде што луѓето немаат слобода.

Ова и не е толку чудно со тоа што се работи за еднопартиска држава во која владеел претседателот Исајас Афеверки. Својата независност од Етиопија, Еритреја официјално ја стекнала во 1993 година.

Владата ги укинала противничките странки и локалните приватни медиуми, ги затворила критичарите (за некои од нив не се чуло со години), додека на младите им е наметната воена обврска.

https://www.instagram.com/p/B4MRe7ZAnAI/?utm_source=ig_embed

Токму од овие причини, повеќето жители одлучиле да побараат среќа надвор од границите на оваа држава. За жал, многумина загинале обидувајќи се да ја поминат Сахара и Средоземното море за да стигнат до Европа.

Единствена телефонска мрежа е ЕриТел и таа е во сопственост на државата. Услугата што ја нуди е многу лоша и строго контролирана. Сите што сакаат да си набават своја картичка, мора директно да и’ се обратат на владата на државата.

Ретко кој ја добива, а на оние што ќе им се посреќи немаат добар сигнал и пристап до интернет. Поради тоа, луѓето користат телефонски говорници.

Луѓето ретко користат интернет преку вај-фај конекција, но и таа е многу бавна и слаба. За да ги користат социјалните мрежи, мораат да вклучат приватна виртуелна мрежа ако сакаат да ги заобиколат цензурите што ги поставила владата.

Владата ја ограничила количината на пари што луѓето можат да ја подигнат од сметка. Дури и да имаат милиони, месечно можат да подигнат максимум 330 долари. Сите трансакции со пари се поврзани со банка, бидејќи во државата нема ниту еден банкомат.

Ако сакате да купите нов автомобил, потребно е во текот на секој месец да подигнувате одредена скромна сума на пари од својата сметка за да можете навреме да ја соберете сумата што ви е потребна.

https://www.instagram.com/p/B4KteRGAI3O/?utm_source=ig_embed

Единствена ситуација што се смета за вонредна е одобрувањето за подигнување пари за венчавка. Во тој случај, до банката се пишува молба што таа треба да ја одобри за да може да се подигне поголема сума на пари за венчавката.

Постои само една ТВ-станица, тоа е државната телевизија Ери-Тв. Но ако успеете да набавите антена, може да фатите сигнал од други ТВ-ставници, како што се Асена ТВ, ЕРИСАТ и Би-Би-Си.

Државата има само една пивара која била отворена во 1993 година и се’ уште нема конкуренција. Може да се испие само едно пиво, а ако некој сака повеќе, треба да понесе некој од своите пријатели.

Функционален пасош е остварување на соништата според младите луѓе во оваа држава. Очајно сакаат да ја напуштат, но тоа е многу тешко и не им успева на сите. Исправни и валидни пасоши граѓаните добиваат дури откако ќе отслужат воен рок. Им треба и писмо со препорака, а тој процес може да трае со години.

За излегување од земјата потребна е и виза која тешко се добива, бидејќи државата се плаши дека луѓето нема да се вратат во Еритреја.

Поради тоа, стапката на нелегално иселување од државата е многу голема и младите постојано бараат начини да ја напуштат својата татковина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.