Најевтиното летувалиште – КАПУЧИНО 60 ДЕНАРИ, ПИВО 90 ДЕНАРИ, ручек 350 ДЕНАРИ

Проверете сами!

Сместувањето е многу прифатливо, плажите се ПЕСОЧНИ, морето претопло.

Бугарија долго време е на мапата на напите туристи како една од најповолните дестинации за летување, но пред 15-тина години, Грција дефинитивно го презеде приматот. Но, бидејќи цените во Грција растат, барем во екот на сезоната, бугарските одморалишта се враќаат на сцената.

Цените за одмор во Бугарија варираат: зависат од тоа колку е ексклузивно сместувањето, дали сте избрале хотел или апартман, колку е оддалечено од атрактивни дестинации и дали оброците се вклучени во плаќањето. Но во агенциите може да се уплати 10-дневен одмор во јули од 140 евра по лице! Во септември и јуни цените се уште пониски!

Најпопуларното место во Бугарија е секако Сончев Брег, туристички комплекс каде што дефилираат повеќе од милион туристи во текот на сезоната! Првично, во текот на 50-тите години на минатиот век, беше изградено како викенд-дестинација за Бугарите, но со текот на времето, ова место разви огромен туристички потенцијал.

Комплексот, во непосредна близина на градот Несебар, кој е еден вид музеј на отворено, е изграден на простор кој некогаш се нарекувал „пустина Несебар“ – поради огромната количина песок. Златниот, ситен песок и денес го има на широкиот брег долг 5 километри, но пејзажот стана поубав – бидејќи е пошумен.

Температурата на Црно Море во летните месеци е и до 26 степени, а Сончев Брег е многу привлечен како за семејства со деца поради двата огромни аква-паркови, но и за младите поради развиениот ноќен живот и многубројните дискотеки и клубови.

Зајдисонце во Сончев Брег

Сончев Брег не може да се пофали со скриени заливи, диви плажи и тиркизно море како што е случајот со грчките одморалишта, но нуди можност за одмор без стрес и многу истражување и за добро полнење на батериите.

Конкурентно е и поради ниските цени во самото место: ручек за двајца со предјадење, главно јадење и десерт во просечен ресторан чини околу 1.550 денари, додека оброк за едно лице во евтин ресторан чини околу 300 ден., капучино и газиран пијалак чинат 60 денари, а домашно точено пиво од пола литар само 90 денари!

Поволни се и цените во супермаркетите: леб чини 45 денари, литар млеко 60  денари, килограм локално сирење 300 денари, 10 јајца околу 130 денари… Автобуски билет чини 60 денари, додека еден час возење со такси чини околу 300 денари.

Пристаништето во Несебар
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.