Најмистериозниот народ на светот: Никој не знае од каде потекнуваат, а еве како се штителе од болести и од зли духови!

Племето Аину

Кога девојче Аину ќе наполни 6 или 7 години, добива тетоважа прво над горните усни

Аину е првиот источноазиски народ кој ги населил денешните простори на Јапонија. Оваа етничка група е толку стара, што во споредба со нив, дури и кинескиот народ се смета за „млад“ народ. Она што е најинтересно е тоа што научниците немаат претстава од каде потекнува народот Аину.

Ова се само некои познати факти за мистериозниот народ Аину.

Првпат се појавиле во Јапонија и во Русија во 13 век пред новата ера. До 19 век на стапувале во контакт речиси со никого од другите етнички групи што постоеле во тоа време. Се верува дека тие се најстарата етничка група во Европа и во Азија.

Аините повеќе потсетуваат на Европејци одошто на Монголци, и поради тоа во Јапонија често биле предмет на дискриминација.

Мажите имаат долга коса и долга брада, што никогаш не ја бричат. Жените имаат тетоважи со кои се почнува во детството – кога девојчето Аину ќе наполни 6 или 7 години, добива тетоважа прв над горните усни. Народот Аину верува дека овој ритуал ги штити девојчињата од зли духови, кои се обидуваат да влезат во нив преку устата.

Со текот на годините, таа тетоважа избледува и кога ќе достигне одредена боја и форма, се верува дека девојката е подготвена за брак. Најчестата тетоважа на жената Аину потсетува на денешната „насмевка на Џокер“.

Во 19 век, владата на Јапонија ги забранила овие тетоважи, но некои и понатаму ги правеле во тајност, почитувајќи ја старата традиција на својот народ. Последната жена Аину со ваква тетоважа на лицето починала во 1998 година, а денешните Аину девојки ги цртаат со шминка за празници. Најпрепознатлива е тетоважата „насмевка“ над усните, но се цртаат и разни геометриски облици, за кои исто така се верува дека ги штитат девојките од болести и зли духови.

Од моментот кога се појавил на јапонските острови, народот Аину секогаш ги правел истите работи. Нивниот живот се сведува на лов, риболов и берење овошје. Живееле во земјени куќички со големина од најмногу 35 квадрати, во чиј центар задолжително имало камин. Многу зборови во јапонскиот јазик се преземени од јазикот на народот Аину.

Мечките секогаш имале голема улога во нивниот живот и постојат многу верувања што се однесуваат на овие животни нај народот Аину. Археолозите дури мислат дека тие ги довеле мечките со себе од островот Хокаидо.

Благодарение на народот Аину, во Јапонија се појавиле самураите.

Кога Јапонците се доселиле на островите и оформиле држава, народот Аину продолжил да живее во племиња. Понекогаш ги напаѓале своите нови соседи.

Кон крајот на 19 век, Јапонците почнале да населуваат пошироки подрачја. Аините и понатаму ги одбегнувале – имале свои училишта и болници, своја земја, не плаќале данок. Од друга страна, оформувањето на државата донело забрана за ритуалите на народот Аину, особено за оние насилните, па овој народ полека почнал да го губи својот културен идентитет. Постоел ризик целосно да исчезне.

Сепак, во 2019 година јапонската влада го прогласила Аину за автохтон народ и прогласила конечен крај на дискриминацијата на овој народ.

Денес, народот Аину се обидува да го обнови својот културен идентитет. Имаат дури и свое знаме. Сината позадина симболизира небо и море, а белата фигура на ловецот Аину врз сината позадина, претставува снег. Ловецот на знамето држи копје, кое е црвено, бидејќи е покриено со отров, кој владата им забранила да го користат.

Жени со чинии во усните: Зошто овие убавици решаваат да се унаказат вака?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.