„На крузерот постојат 2 тајни простории за кои патниците не знаат – многу е морничаво“: Штом дознала за ова, дала отказ!

Морничаво

Луксузните крузери се недостижни за повеќето обични луѓе, поради цените, но кога ќе го прочитате ова, можеби нема ни да посакате да крстосувате со нив

Ги нарекуваат „град на вода“ – луксузните крузери се само за оние со длабок џеб, кои сакаат квалитетен одмор. На нив има сè – од вежбалници, базени, ресторани, бутици до киносали. Но постојат и две одредени простории за кои малкумина знаат.

Имено, една девојка од Австралија, Лорен, открила дека на крузерот постојат две простории за кои повеќето патници не знаат дека се наоѓаат тука – мртовечница и затвор!

@laurentalkssmack My dog wants to chase the squirrels #cruiseship #crewmember #cruiselife #cruiseshiplife #carnival #australian ♬ original sound – lauren

Таа на својот профил на ТикТок споделила многу тајни од животот на крузерот на којшто работела некогаш, а некои од нив се многу непријатни. Кога сте гостин на крузер, важно ви е да уживате и да си поминувате убаво и нормално е да не обрнувате внимание на она што се случува зад затворени врати. Сепак, Лорен решила да ги разоткрие „валканите“ тајни на овие ексклузивни места.

@laurentalkssmack #cruiseship #cruisecrew #cruise #cruiser #cruise #cruiselife #cruisesquad #belowdeck ♬ original sound – lauren

„Кога работев на крузер, видов како извлекуваат тело од мртовечница и ми беше многу морничаво. Потоа, не сакав повеќе да работам на крузер. Исто така, таму има и затворска ќелија. Во неа завршуваа тие што се однесуваа непримерно и што ги прекршуваа законите на бродот“, рекла таа во виралното видео, а потоа споменала уште еден факт што ѝ пречел:

„Крузерот на којшто работев нема палуба со број 13, што значи дека на отворено море или океан се смета дека празноверието игра важна улога. Многу е морничаво и чудно.“

Нејзините следбеници оставиле голем број коментари, а некои ја потсетиле и дека одредени хотели и згради немаат 13-ти кат, додека еден човек додал и дека сосема нормално е крузерот да има мртовечница во случај на несреќен случај.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.