Морски бисери: Забележете ги на својата листа на желби!

Проучете ги нашите предлози – можеби токму меѓу нив се крие вашата дестинација

Фото: Getty Images

Како ви звучи идејата ова лето да избегате на некој пуст остров? ОК, не мора да биде баш „пуст“, но за да ги оставиме секојдневните грижи зад нас, нашиот совршен остров би требало да биде или некој неоткриен туристички бисер или доволно оддалечен да не можеме на него да сретнеме некој сосед или познаник. Проучете ги нашите предлози – можеби токму меѓу нив се крие вашата дестинација за лето 2019 г.

Сончев остров – Аруба

Островот со најмногу сончеви денови во Карипскиот Архипелаг и со Орелска плажа, која е прогласена за една од десетте најубави плажи во светот, каде што можете да се сончате и бањате додека покрај вас шетаат фламингоси, претставува дестинација од соништата. Со својата богата флора и фауна, 20% од островот сочинува Арикок, неверојатен природен резерват и најголем национален парк на Кариби. Покрај тоа, Аруба нуди голем број спортски активности – сурфинг, нуркање, параглајдинг, играње голф. А присутно е и гастрономското задоволство бидејќи дури 90 нации ги замешале своите прсти во приготвувањето на островските специјалитети.

 

 

View this post on Instagram

 

Good morning @be__classy__ 💦#aruba

A post shared by Speak__fashion (@speak__fashion) on

Острови на желки – Перентијан

Перентијанските острови Бесар и Кецил со густи и бујни тропски шуми се наоѓаат во Јужнокинеско Море. Поради живописните ќилими од тврди и меки корали, како и големиот број рипки, нуркањето е активност што мора да ја пробате доколку патот ве наведе таму. Додека чекорите по песочната почва на островите, можете да стапнете врз домот на милион години старите џиновски желки. Местото на кое ги снесуваат јајцата е своевидна атракција, а иако се загрозен вид, желките се наоѓаат и на менито на рестораните, а нивниот оклоп се користи за изработка на накит. Било да пешачите низ патеките низ џунглите или уживате во журките на белиот песок, или, пак, лежите на лулашка додека сонцето заоѓа – овие острови се вистинскиот избор.

 

Островот на Одисеј – Млет

Доколку сте љубител на добра храна, недопрена природа, кристално чисто море, богата историја и легенди, тогаш Млет е вистинската дестинација за вас. Западниот дел на најзелениот остров на Јадранско Море е првиот заштитен национален парк, додека, пак, источниот дел е резерват на природни реткости, каде што можете да го видите уникатниот феномен – две поврзани езера со морска вода, а среде поголемото се наоѓа островче на кое е најзначајниот метлечки споменик – Манастирот на света Марија. Зелените предели се споменуваат и во „Одисеја“, кога прочуениот Хомеров јунак, по бродоломот, допливал до пештерата што денес го носи неговото име. Пробајте го специјалитетот на островот – октопод сушен на чад.

 

 

View this post on Instagram

 

Riding around the two inland salt water lakes in #Mljet, #Croatia.

A post shared by Ashleigh Lawrence (@ashi_9) on

Островот на боровата шума – Спецес

Името го добил поради изобилството од борови, чиј мирис се протега низ целиот остров. Интересно е тоа што автомобилскиот сообраќај е забранет, но можете да изнајмите мотор, велосипед или да се возите со фијакер. До островот се стигнува преку Атина, од малото местенце Коста, од каде што со хидроглисер од пристаништето Пиреа патот води на Спецес, кој е историски најважен остров во Грција, затоа што со ослободувањето од Отоманското царство практично стана место каде што е родена модерна Грција. На островот се наоѓа и прочуениот хотел „Гранд Посејдон“, кој е ризница на избледени потписи на гламурот од 60-тите години на минатиот век – во него престојувале Елизабет Тејлор, Боби Кенеди, Мерилин Монро, Ингрид Бергман…

 

 

View this post on Instagram

 

Last hoorah before moving home..! 🇬🇷 #yachtlife #yachtweek #spetses #greece #saronicislands #island

A post shared by A L I S A (@alisa_stein) on


Остров на бисери – Тетиароа

Овој природен резерват на птици и корален остров што ѝ припаѓа на Француска Полинезија го карактеризираат бели песочни плажи, кокосови палми и совршени сини лагуни. Иако има богата историја, Тетиароа се прослави со легендарниот филм „Бунт на бродот Баунти“, со Марлон Брандо, кој на него помина многу години и изгради 30 луксузни вили. Островот го краси недопрена природа која на посетителите им овозможува да се сретнат со морски желки, тропски риби и со некои егзотични видови птици. Доколку го посетите овој рајски остров, задолжително купете ги прочуените бисери и домашен мед.

 

 

View this post on Instagram

 

They made heaven a place on earth

A post shared by Marco (@marmorxyz) on

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.