Популарната водителка Лила Филиповска, откако го прими престижното признанија за најпопуларна инфлуенсерка на социјалните мрежи на гала-манифестацијата „Story Awards“, која се одржа во понеделникот, ги спакува куферите и со „Фибула-травел“ отпатува во Анталија, Турција.
Во популарната турситичка дестинација, Лила максимално ужива во комфорот на луксузното сместување, како што уживале и султанките на времето…
А кога сме кај султанките, сигурни сме дека откако ќе го погледнете видеото што убавата водителка го објави на Инстаграм ќе се согласите дека изгледа „пожешко“ дури и од популарната Хурам, која „палела и гасела“ на дворот на големиот султан Сулејман Величествениот.
Не постои оган што може да ме изгори зошто оган сум јас!, порача Лила во описот на објавеното видео.
Фото и видео: Инстаграм