Каков Миконос – еве каде летуваат вистинските милијардери: Бил Гејтс и Марк Закерберг со задоволство доаѓаат тука!

Погледнете

Минатата година, меѓу гостите на овој летен камп „Форбс“ избројал најмалку 25 милијардери – од Марк Закерберг и Бил Гејтс до Ворен Бафет и Мајкл Дело – сите заедно поседуваат околу 825 милијарди долари

Инвестиционата банка Allen & Company секој јули организира традиционална финансиска конференција во траење од една недела, каде што се поканети најбогатите и највлијателните луѓе во светот, поради што го добила прекарот „летен камп за милијардери“.

Летниот камп за милијардери се одржува од 1983 година во Sun Valley Resort, кој се наоѓа на надморска височина од 1805 метри во округот Блејн во американската држава Ајдахо. Тоа е позната скијачка дестинација опкружена со планините Балд и Долар.

Во летните месеци, ова место е идеално за пешачење, голф, кајакарење, велосипедизам и други слични активности. Овие активности се на списокот на учесници во летниот камп, како и посетување предавања за финансиски прашања, но и склопување деловни договори.

Поради пандемијата на коронавирус, кампот првпат во историјата бил откажан во 2020 година, а во 2021 година бил одржан во посебни околности. Сите присутни морале да бидат вакцинирани и да имаат негативен тест на ковид-19, а повеќето настани се одвивале на отворено.

Познати се само неколку детали за конференцијата, бидејќи новинарите имаат многу ограничен пристап до настаните и нивните гости за време на летниот камп. Повеќето гости пристигнуваат во Долината на сонцето со приватен авион, престојуваат во луксузно одморалиште и имаат познати готвачи кои летаат назад до градот само за да им ги приготват оброците како што тие сакаат.

„Форбс“ минатата година избројал најмалку 25 милијардери во летниот камп – од Марк Закерберг и Бил Гејтс до Ворен Бафет и Мајкл Дело – сите заедно поседуваат околу 825 милијарди долари.

Дознајте повеќе од следново видео…

Овие познати милионери… пардон, милијардери годинава летуваат во Хрватска (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.