Холивудската ѕвезда Брук Шилдс е воодушевена од ова хрватско природно богатство (ФОТО)

Холивудската актерка Брук Шилдс летниот одмор го поминува во Хрватска, а една од дестинациите што особено ја воодушеви е Националниот парк „Крка“.

Ѕвездата уживала во прошетка по живописните патеки, ги разгледала прочуените водопади и не ја пропуштила можноста да ги вкуси и локалните гастрономски специјалитети.

Нејзината посета не останала незабележана. Од Националниот парк „Крка“ на својата официјална страница на Фејсбук објавија заедничка фотографија со актерката, проследена со духовита порака:

Како да го наречеме денот кога ќе нѐ посети единствената и неповторлива Брук Шилдс? Ни самите не знаеме, но сме неизмерно воодушевени.“

Хрватска со години е една од омилените европски дестинации на светските ѕвезди. Најчесто тие престојуваат во Дубровник, Хвар, Сплит и другите јадрански крајбрежни градови, но посетата на Брук Шилдс на Националниот парк „Крка“ уште еднаш потврдува дека природните убавини на земјата се подеднакво привлечни за славните гости од целиот свет.

Фото: Facebook

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе