Дали би престојувале во затвор од 19-от век? (ФОТО)

Како вистински „затвореник“!

Хостелот THE COURT во Единбург, Шкотска, е отворен во април 2019 година и сопствениците успеаја да ги зачуваат повеќето од старите обележја на зградите, како и некои автентични делови во внатрешноста на зградата. ,

Станува збор за објект кој во 19-от век бил суд, затвор и полициска станица.

Доколку сте заинтересирани да престојувате во овој необичен хостел, еве некои интересни податоци што можеби ќе ви користат.

Имено, гостите можат да изберат да спијат во исклучиво женски дом или во заедничка просторија, која содржи од 8 до 20 мали ќелии за спиење. Секој оддел има сина светлина, приклучоци, полица и завеси кои ја штитат приватноста на гостинот. Секој кревет има своја постелнина, како и фиока, за гостите да можат безбедно да ги остават своите скапоцености.

За време на зимската сезона, гостите можат да ја резервираат своја ќелија за 15 долари, што го прави овој хотел многу удобен со оглед дека е централно лоциран. Хостелот има 200 кревети (ќелии) во големите домови, кои се распоредени на пет ката.

Ако гостите сакаат поголема приватност, можат да резервираат приватна просторија или „затворска ќелија“ со затворски врати, кои се автентични и го отсликуваат минатото на зградата. Затворските ќелии се попространи и помодерни. Изнајмувањето на овие приватни ќелии чини околу 60 долари за една ноќ во текот на зимската сезона.

Хостелот има 12 приватни ќелии и секоја има сопствен тоалет, за разлика од ќелиите во обичните простории, каде што гостите го делат тоалетот.

За контакт и повеќе фотографии кликнете ТУКА.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.