Бразилскиот ракометар Рожерио Фереира Мораеш, кој поради приватни причини остана во Келн и не дојде на прославата на „Вардарци“ во Скопје, не крие дека ужива во животот со својата сопруга Керстин, која е медицинска сестра.

Ракометарот, кој е еден од најзаслужните за големиот успех на Вардар, беше избран за најдобар кружен напаѓач на турнирот во Келн, благодарение на шесте гола во финалето и тоа против својот иден тим Веспрем.

По финалето, тој остана во Келн, но замина и во Бразил, каде што веднаш се упати на плажа со својата сопруга и да се одмори од напорното финале и заслужена титула.

Доказ дека парот обожава да ужива на плажа и во вода се нивните фотографии од различни егзотични дестинации низ целиот свет, а она што најмногу им остава впечаток на сите е неговата сопруга, која е вистинска природна убавица.

Извор: Курир

Фото: Курир