Бегство во Краков – градот со приказна

И градот на легендите!

Поранешната престолнина на Полска е прекрасен град што раскажува посебна приказна на секој чекор.

Краков претставува совршен микс на историски знаменитости, ресторани со прифатливи цени, музеи, кули и интересни продавници. Затоа е одлична дестинација доколку се надевате да најдете евтино сместување и богата култура.

Секогаш можете да заштедите ако си земете ручек од многуте улични штандови за неколку евра, а нема да ве чини многу и ако сакате да ги посетите познатите туристички атракции, како што се катедралата Света Марија и кралскиот замок Вавел.

Задолжително прошетајте го и стариот дел од градот, каде што се наоѓа најголемиот средновековен плоштад во Европа. Неверојатни катедрали, тесни и камени улички, шармантни кафулиња, возење со кочија и стотици години стара историја – сето тоа можете да го доживеете во Краков.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.