АНТАЛИЈА – гордост на турската ривиера

Широка палета можности за незаборавен престој

Кога помислував на Анталија првата моја асоцијација ми беше море. Се’ до пред десетина дена кога имав можност да ја запознаам нејзината богата историја, раскошната природа, одличните ресторани и шопинг-молови, кои на посетителите им даваат широка палета на можности нивниот престој да го направат незаборавен.

ШАРМАНТЕН СТАР ГРАД  КАЛЕЧИ

Може да го замислите Калечи како едeн лавиринт каде лесно може да се изгубите помеѓу многубројните ресторани, продавници за сувенири, арт галерии.. Прошетајте низ стариот град кој многу наликува на нашиот Охрид, прошетајте наутро додека уште не е жешко, уживајте во вашиот чај наутро меѓу замоците.

ХАДРИЈАНОВА КАПИЈА

На излез од стариот град или подобро кажано на влезот во стариот град – уште едно изненадување. Добро сочувана, фино декорирана Хадријанова капија. Оваа римска оставштина е изградена во чест на Хадријан кога 130-та година пред новата ера дошол да го посети градот.

ИМПРЕСИВНИТЕ ВОДОПАДИ ДУДЕН

На југоистокот на Анталија се наоѓаат величеснтвениот водопад Дуден. До него може да стигнете по асфалтен пат или да се качите на некое од бродчињата во марината. Реката Дуден со својот пад од планината Таурус го формира водопадот, кој е долг 40 метри, а широк 20 метри.

ВЕЧЕРАЈТЕ ВО „7 MEHMET

Омилен ресторан меѓу локалците, резервирајте маса во 7 МЕХМЕТ за романтична вечера. Во менито имате риба, месо, телешко,  јангешко со ориз и бадеми, а за десерт  тиква.

Адреса: Meltem Mahallesi, Atatürk Cultural Park, Dumlupınar Bulvarı No: 201, 07030, Muratpaşa

НА ВРВОТ НА ОЛИМП

На моќниот Таурус, недалеку од Кемер се наоѓа жичара со преубави гондоли кои авантуристите за неполни десетина минути ги искачува на врвот Tahtali, на надморска висина од 2.365 метри. По возбудливото возење стигате на врвот  од кој можете да ја видите преубавата анталиска регија, боровата шума, а кога нема облаци може да го видите и Кипар.

THE LAND OF LEGENDS 

Земјата на легендите нуди уникатни искуства на сите гости од 7 до 70 години каде што ќе откриваат нешто ново секој момент.

 

Овој уникатен тематски парк  ви овозможува да ги рафинирате границите на забавата со вашите деца и да доживеете возбуда и моменти исполнете со андреналин со вашите најблиски.

 

 

Оние кои не се за андреналиска авантура имаат ретка можност да ја почувствуваат радоста на шопингот на отворено во било кој час во денот на трговската авенија (капацитет: 4.000 луѓе) каде што се сместени десетици продавници, ресторани, кафулиња…

Рафтинг во Koprulu Canyon National

Ако сакате да направите пауза од историските атракции може да отидете надвор од градот и да го посетите преубавиот национален парк Koprulu Canyon National Park. Доколку сте љубител на рафтинг и водена авантура, овој кањон кој е најголем во Турција се наоѓа само на 90 километри од Анталија. Додека сте на чамецот и пловите по реката уживате во недопрена природа.

ИЗЛЕТ ДО ПЕРГЕ 

Само на 18 километри источно од Анталија може да ги посетите старите римски урнатини на градот Перге. 

Не сум голем љубител на урантини ама навистина вреди да се посети ако сте во соседството.

Овие историски урнатини првпат се изградени пред околу 300 години. Сместена во близина на мала планина, со свежа вода оддалечена една милја и плодна земја градот бил еден од омилените.

Големиот Александар Македонски го искористил ова како основен логор. На врвот, на градот повеќе од 45.000 луѓе живееле. Ова е голема археолошка локација и сеуште се работи на истата.

 

Текст: Александар Наков

Фото: Александар Наков и Goturkie

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.