3 највалкани тајни на хотелското сместување: Избегнете ги!

Креветите се мазни и наместени „под конец“, бањата блеска, нели?

Хотелските соби на прв поглед, секогаш изгледаат совршено, но вистината е многу поинаква.

Ова се три од многуте „валкани тајни“ на хотелските соби и апартмани.

Фото: Пинтерест

1. Подалеку од украсните перничиња!

Украсните перничиња на креветот изгледаат прекрасно, но тие се вистински рај за бактерии. Тоа е така бидејќи популарните „летечки перничиња“ често завршуваат на под… И насекаде низ собата.

2. Не пијте од чашите во собата!

Чашите во хотелските соби најчесто не се мијат со средство, туку се само заплакнати со вода и оставени на сушење. Собарките имаат многу соби за расчистување и тоа мора да биде брзо, па тие самите претпочитаат да не се задржуваат долго во една соба.

3. Избегнувајте онлајн-резервација!

Резервирање соба преку Интернет можеби има свои предности, но има и свои ризици. Така, според туристичките оператори, може да го добиете најлошиот можен пакет. Хотелските менаџери знаат дека луѓето кои резервираат онлајн, најчесто ја бараат најевтината варијанта, па политиката гласи – полошите соби одат на „онлајн-букинг”.

Фото: Getty Images, Pinterest

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.