10 работи кои треба да ги направите ако одите на одмор на Миконос

Хит дестинацијата на сите светски ѕвезди достапна и за нас благодарение на „Папилон“

Најголемите попусти за оваа сезона можете да ги најдете единствено во туристичката агенција „Папилон“ која што нуди аранжмани и резервации во сите ексклузивни дестинации, а од ова лето на нивната понуда се наоѓа и грчкиот остров Миконос кој што важи прибежиште на сите светски и познати ѕвезди.

Миконос беше само уште еден грчки остров сè до доаѓањето на Џеки Оназис Кенеди во далечната 1961. Остров за кој малкумина знаеа – недопрени диви плажи и мирен начин на живот во кој уживаа локалните жители, тоа беше Миконос до моментот кога Џеки Кенеди реши да купи куќа во ова рајско место. Од тогаш, цената на земјиштето ескалираше со брзина на светлината, а новите куќи на Миконос почнаа да никнуваат како „печурки после дожд“.

Да, Џеки Кенеди е главниот виновник за тоа што е Миконос денес.

Бела Хадид, Џорџо Армани, Роналдињо, Хју Џекмен и многубројни модели на Викторија Сикрет  низ годините биле забележани како ги минуваат своите летни одмори на ова монденско место.

Денес Миконос во просек само во топ сезоната (јуни-август) го посетуваат повеќе од 1,5 милиони туристи од целиот свет. Островот е неизбежна одредница и на сите бродови-крузери кои пловат околу Европа и Африка. Така, од април до октомври секоја година островот просечно го посетуваат плус уште над 600.000 инстант-туристи (кои престојуваат на островот по неколку часа).

Голем број туристи го открија Миконос во седумдесетите кога за јавноста беа отворени археолошките наоѓалишта на Делос, кој е дел од територијата на Миконос. Посетувајќи го Делос, забележаа дека Миконос има интересна и оргинална архитектура, пријатни и љубезни жители кои никакво однесување не може да ги шокира, прекрасните плажи со златен песок и море во сите нијанси на сината боја, и секако-луд ноќен живот. Тоа им беше доволно подоцна да се вратат и да ги донесат и своите пријатели.

Жителите на островот се најмногу горди на архитектурата. Затоа имаат локални закони со кои буквално никој не смее да изгради објект кој по дизајнот ќе се разликува од постоечките. Постои задолжителна обврска за секој жител постојано да ја обновува белата боја на објектите (куќи, хотели, продавници…) кои ги поседува.

Топ 10 работи кои треба да ги направите ако одите на одмор на Миконос:

Уживајте на „Paraga Beach

Сончајте се на „Paraga Beach“, нурнете во кристалното море и направете фотка како да одите по вода.

Шетајте низ градот Миконос

Уличките со прекрасните бели куќи со сини врати и прозорци се совршени за истражување, за интересни фотки, но и за да го почувствувате духот на ова место. Прошетајте низ тесните улички, поиграјте си со некоја од многуте мачки и упатете се кон море.

Одете на вечера во Мала Венеција

Крстено по италијанскиот град со бесконечни канали, Мала Венеција е живописно место покрај море на Миконос. Како што заоѓа сонцето, светлината сјае во градбите и се одбива во водата – совршено за романтична вечера.

Забавувајте се до изгрејсонце

На Миконос никогаш нема недостаток на ноќен живот и никогаш нема да останете без добра забава, па спакувајте си облека за добра вечер. По цел ден истражување на островот, подгответе се за добра забава во некој бар или ноќен клуб како „Paradice Club“. Уживајте во незаборавна вечер и дочекајте го изгрејсонцето под отворено небо.

Јадете гиро од „Jimmy’s

Ова е место на Миконос каде мора да јадете гиро барем еднаш, а сетилото за вкус ќе ви биде благодарно. Работат до доцна навечер, па по добрата забава, ве чека добро гиро во „Jimmy’s“.

Посетете го светилникот Арменистис

Ако сте за малку поинакво искуство на летниот одмор, облечете патики за пешачење и искачете се до светилникот Арменистис. Шармантниот светилник, синото небо и бесконечниот поглед кон сјајното море вредат за авантурата.

Истражете го островот на скутер

Одморете ги нозете од пешачење и изнајмете скутер за да го прошетате островот и да можете да стигнете да ги посетите и искусите сите убавини кои ги нуди, а не би можеле да ги видите поинаку.

Посетете ги ветерниците (Като Мили)

Миконос е остров на ветровите, а ветерниците се веројатно најголемата карактеристика. Изградени се во 16-ти век, а познатите Като Мили, се наоѓаат на рид со поглед кон море за да се искористат силните северни ветрови. Не пропуштајте можност да ги фотографирате.

Уживајте во зајдисонцето со коктел во хотел Белведере

Белведере е еден од најлуксузните хотели на Миконос, а иако престојот може да го надминува вашиот буџет, сепак може да го посетите и да уживате во коктел со поглед на зајдисонце.

Направете фотка со пеликанот Петрос (Втори)

Големиот бел пеликан Петрос бил официјална маскота на грчкиот остров. Во 1958 година, повреден пеликан бил најден на брегот на Миконос од локален рибар, кој го згрижил и потоа останал на островот, а локалците му го дале името Петрос. Откако бил удрен од кола во 1985, три нови пеликани се населиле на островот, а на едниот му било дадено името Петрос.

Заклучок: Островот на туристот му нуди се, од прекрасен амбиент до хедонистичко задоволување на секоја потреба. Баш секоја. A тоа чини…

Потсетување: Туристичката агенција „Папилон“ го нуди островот Миконос како аранжман за ова лето , а доколку се одлучите да патувате со нив ќе бидете сместени во прекрасниот и луксузен амбиент на ресортот „Mykonos Blu Crecotel Exclusive Resort 5*.  Дополнителни информации за цените можете да најдете на официјалната страница на агенцијата или да испратите мејк на info@papilon.com.mk.  Не мора да излегувате од дома, пишете каде сакате да одите, колку луѓе, кој ви е приоритетот, датумот и буџетот кој сакате да го потрошите, а туристичката агенција „Папилон“ ќе се погрижи да го имате одморот од соништата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.