Ова е најголемиот бакшиш кој Саша Матиќ го добил, а кога сфатил колку е, останал во шок! (ФОТО)

Прилично доста...

Фото: Инстаграм

Познатиот српски пејач Саша Матиќ открил дека најголемиот бакшиш кој го добил во животот било 2.000 марки и тоа од починатиот српски мафијаш Зоран Шијан.

Матиќ се присетил на повикот кој не се одбива од клубот „Клубот М“ и како испеал песна за нереална сума.

„Свирев по клубовите во Белград, немав ниту албум. Перица Огњеновиќ доаѓаше од Ѕвезда во Русија, јас мислев дека игра и прави последна вечер. И ме викаат тогаш од „Клуб М“ и ми велат дека Зоран Шијан сака да дојдеш да ја испееш песната „Два галеба бела“. Ваму кај Перица беше веќе се завршено и реков ајде да идеме. Јас дојдов во клубот, земав микрофон и почнувам. И како пеам, тие мене ми даваат пари, јас ставам во џеб, ми даваат и друга, јас ја ставам во џеб. И кога завршив одам до тоалет со другарот и го замолив да ми провери колку имам. Тој ми вели – 2.000 марки – рекол Матиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.