Нови детали за смртоносното пукање на Болдвин: Повредениот режисер опиша што се случило! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

На актерот му бил даден сценски пиштол и му било кажано дека не е наполнет, навеле властите во Санта Фе во судските документи.

Алек Болдвин вежбал извлекување револвер од футрола, па потоа го вперил во камерата за време на пробата на сет за филмот „Rust“ и испукал и ја погодил кинематографката во градите, се наведува во писмениот извештај на суд, објавен во неделата.

Таа изјава под заклетва дава дополнителни детали за случајното пукање минатиот четврток во Ново Мексико, кога е убиена 42-годишната Халина Хачинс и ранет е режисерот Џоел Соуза, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фото: Инстаграм

На Болдвин му било дадено сценски пиштол и му било кажано дека не е наполнет, наведуваат властите во Санта Фе во судските документи.

Џоел изјавил дека Алек седел на клупата за снимање во импровизираната црква и дека вежбал извлекување на пиштолот. Џоел кажал дека гледал преку рамото на Хачинс, кога слушнал удар, а потоа и гласно пукање – се наведува во изјавата.

Хачинс тогаш била погодена во пределот на градите, се наведува во документите.

Џоел тогаш нејасно се сеќава дека Хачинс се жалела на болки во стомакот и се фатила за неговиот среден дел. Џоел исто така кажал дека Хачинс започнала да се тетерави наназад и дека паднала на земја – стои во изјавата.

Халина Хачинс кажала дека не ги чуствува нозете, изјавил Рид Расел, камерман кој стоел покрај неа за време на пукањето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.