Николина Пишек по смртта на сопругот: „Најтешко ми е тоа што Уна остана без татко, се друго е неважно!“

Тажно...

Познатата хрватска водителка Николина Пишек остана без сопругот Видоја Ристовијевиќ со кого ја има ќерката Уна, а таа ден по неговиот погреб се огласи и откри како се чуствува.

„Најболно од се ми е тоа што Уна го изгуби татко и, а јас личноста со која планирав да го поминам животот.  Се останато сега ми е – апсолутно неважно – рекла Пишек.

Таа на денот кога беше погребан Видоје, на Инстаграм објави неколку речници посветени за него и тоа со омилената фотографија од нивното мало семејство.

Фото: Рајко Ристиќ

„Ваков сакаме да те паметиме. Насмеан, ведар, во бои, под сонце. Со сите нас. Само да имаше повеќе вакви моменти… Да не брзавме за уште една обврска, за уште некоја прилика. Некои средби никогаш не се дочекуваат. Но, и вака сум богата и сите ние заедно, богата поради сите непроценливи моменти со тебе кои би можеле да исполниме и три животи. И ти благодарам за секој од нив. Прости ми и ти благодарам на секоја солза. Благодарам на љубовта. Благодарам за Уна. Ќе живееш во секој од нас додека дишеме. Ќе те гледаме во твојата Уна и твојот матеј и ќе знаеме дека сме со тебе. Наш си. Патувај и не се грижи“ – се зборовите кои ги напиша Николина, а кои го кршат секое срце…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.