Ни во три животи не би погодиле на кого пејачот Дарко Лазиќ „се палел” кога бил млад: Неговиот одговор сите ги изненади!

Искрено...

Фолк пејачот Дарко Лазиќ е голем заводник, а за неговиот бурен љубовен живот се зборува години наназад.

Дарко неодамна и го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Катарина, а сега во пресрет на една емисија, го прашаа на која „се палел“ како млад.

Неговиот одговор ги изненади сите, бидејќи тоа била неговата колешка и позната фолкерка Злата Петровиќ.

-За мене најубава жена одсекогаш била Злата Петровиќ, извинете, но така е! Таа и ден денес е прекрасна жена-беше искрен.

Дарко, а погледнете го и видеото со изјавата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AmiG Show (@amigshow)

Пејачот Дарко Лазиќ, во август оваа година, пред Основниот кривичен суд во Белград, беше осуден на парична казна од 190.000 динари и 10 месеци забрана за управување со патничко возило, а против него се имаат водено дури 15 кривични прекршоци за безбедност во сообраќајот.

Според нашите информации, во девет предмети донесено е решение за застарено дело, додека четири казни платил.

Да се потсетиме, Дарко го возеше своето “БМВ” додека имал забрана до февруари следната година , а на сообраќајците на увид им дал чешка возачка, бидејќи српската му е одземена.

Тој налетал на комбе и за негова среќа била направена само мала материјална штета. Немало повредени.

Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката поради голем број на казнени поени, а има забрана за возење до февруари 2024 година. Возачката му е одземена од 2013година.

Покрај сите овие прекршоци, Лазиќ на денот на свадбата седна зад воланот и тргна по својата невеста.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.