Неверојатна глетка: Фановите на Тејлор Свифт пет месеци пред концертот започнаа да кампуваат пред арената! (ВИДЕО)

Уште ова не сме го виделе...

Фото: Getty Images

Пејачката Тејлор Свифт веќе со месеци полни арени на својата турнеја во „Ерс Тур“, а фановите се подготвени дури и на екстремени чекори само да го осигураат своето место.

Имено, само неколку днеа пред да бидат објавение новите датуми од турнејата, фановите поставиле шатори, откако влезниците биле распродадени во рекордно време.

Иако многу фанови не купиле влезници, тие не се откажуваат од кампување, па дури иако е тоа неколку месеци порано, бидејќи сепак може да им се укаже некаква прилика.

„Мојата влезница е во прашање. Мислам, јас ушт енемам пари да ја купам, но ги пренесов своите податоци на своите пријатели и семјството и со нивна помош се надевам дека ќе влезам“ – изјавила една девојка од Аргентина.

„Ако не успеам ќе ја слушам пред влезот. Важно е дека таа доаѓа во Аргентина“ – додала.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.