НЕПРЕБОЛ: Ова е мајката на Рада Манојловиќ, која ѝ умрела на раце, сите велат дека многу личат (ФОТО)

Тажно

Пејачката Радмила Манојловиќ на само 19 години останала без својата мајка и признава дека не можела да се помири со тоа дека жената која ѝ го подарила животот, својот го загубила на 37 години.

Најтежок период во мојот живот е кога останав без мајка ми. Ми почина на раце. Таа болка ја потиснав длабоко во себе за да можам да продолжам да живеам и да функционирам. Се трудам да не размислувам за тоа, но секој ден се сеќавам на мојата Мирјана – открила Рада за „Хит информер“.

Манојловиќ истакнува дека е огорчена, бидејќи верува дека нејзината мајка би била жива и денес ако докторите не направиле голем пропуст.

Мојата мајка почина поради грешка на докторите. Имаше карцином на матката и тоа оној тип кој е излечлив во преку 90 % од случаевите. Кога имаше 37 години, конзилиум од доктори одлучи да не ги ја извадат матката и јајниците за да може да раѓа уште ако сака. Ја лечеле на други начини. Оставиле темпирана бомба во неа, која подоцна експлодирала.

Пејачката рекла дека би дала се’ на светот да може да ја врати и да ѝ каже на мајка си дека инсистира да и ги ивадат органите. Свесна е дека тоа не е возможно, живее со болката, но признава дека оваа загуба не успеала да ја исплаче како што треба.

Не ја залечив болката по мајка ми, а настапував веќе по 10 дена. Морав да заработам пари за нашите залудни обичаи и останати работи. Никој не ме праша дали ми се работи, ми рекоа само: Оди пеј! Јас пеам, а телото ми трепери, душата ми се распаѓа.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.