Не престанаа да му аплаудираат: Ѓоко Јовиќ со импресивна интерпретација на “Зајди, зајди” во Босна! (Видео)

Маестрална изведба!

Неодамна, еден од нашите, во моментот, најактуелни пејачи, Ѓоко Јовиќ, заедно со членови од бендот беше гостин на една босанска телевизија.

Меѓу другото, во студиото се пееја и песни во живо со тамошен оркестар, а кога Ѓоко заедно со неговиот кумашин и член на “Енерџи Бенд” Александар Трајковски ја изведе нашата светски позната “Зајди, зајди” од Александар Сариевски, одекнаа овации кои траеја долго.

Она што е интересно и звучи изненадувачки, е тоа што, освен водителот, видно изненадени му се поклонуваа и тамошни пејачи кои со децении се перцепирани, и важат за балкански ѕвезди.

– Секоја чест. Ова е така убаво и суптилно пеење, секоја чест – рече пејачката Сања Малетиќ.

Погледнете ја изведбата:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.