Не му требаше многу време за да ја преболи Шакира: Пике „фатен“ со нова девојка! (ФОТО)

Која ли е неговата нова избраничка?

Познатиот фдубалер Жерар Пике е во центарот на вниманието откако раскина со Шакира. Две недели по нивната разделба, фудбалерот бил забележан на забава во Стокхолм по деловен состанок поврзан со спортски проекти.

Пике се појавил на забавата во петокот со качулка на главата и во друштво на непозната русокоса, меѓутоа многумина го препознале.

Според зборовите на извор кој присуствувал на забавата, играчот на Барселона одбил да го поздрави синот на сопственичката на локалот, 44-годишната шведска инфлуенсерка Катрин Зитомјерска, и со тоа ја налутил, по што таа одлучила да го фотографира фудбалерот со својата придружба и да ја објави фотографијата на социјалните мрежи.

Шведската инфлуенсерка проговорила за се во разговор со шпанските новинарки Лорена Васкес и Лаура Фа:

„Го прашав дали може да го поздрави мојот син, а тој рече „не“. Малку изненадена, повторно го прашав и неговиот одговор беше ист. Не беше непристоен, туку малку арогантен. Претпоставував затоа што е познат фудбалер, но не сум го сретнала претходно. Подоцна ја направив фотографијата за да ја објавам на својот Инстаграм профил“, вели Катрин и додала дека не знае која е жената која била во негово друштво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.