Волшебно шарени велигденски јајца: Најубавата и најлесната техника на вапсање!

Пробајте!

Ќе ви треба сосема обичен и достапен материјал

За најшарените велигденски јајца ќе ви треба: 50 мл оцет, влажни марамчиња, гумички за тегла, неколку гел-бои за јајца.

Потопете марамче во оцет, исцедете го, па со него обвиткајте го вареното јајце. На врвот врзете гумичка за тегла.

Ставете заштитни ракавици, отворете различни гел-бои за јајца, па потопете го показалецот и спонтано нанесувајте различни бои на јајцето.

Кога ќе ги обоите јајцата, преостанатиот оцет префрлете го во шише со распрскувач и испрскајте го секое јајце, па наредете ги на хартиена салвета и оставете ги да стојат така најмалку 2-3 часа.

Отстранете ги гумичките и марамчињата и ќе ги добиете најубавите обоени јајца!

По желба, можете да ги премачкате јајцата со масо, за да сјаат и да изгледаат уште поубаво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.