(ВИДЕО) Креативни начини како можете да ги искористите старите автомобилски гуми

Старите гуми од автомобилот или велосипедот можат да бидат само парче отпад кое треба да го фрлите или пак, корисен предмет од кој можете да направите нешто ново и интересно

Постојат разни начини на кои може да се употребат вашите стари автомобилски гуми, и да им пронајдете долготрајна намена.

Потребно ви е да имате малку време, боја, спреј,  и многу имагинација..

Во продолжение погледнете неколку примери со видеа:

Лулашка

 

Мебел 

 

Саксија, масичка 

 

Табуретки 

Потребен материјал:

• автомобилска гума

• два конопа од 30 метри

• две дрвени плочи

• платно и сунѓер по Ваша желба

Начин на изработка:

1. Пред сè, добро исперете ја гумата, а потоа на неа залепете го конопот како што е прикажано во видеото.

2. Дрвената плоча исечете ја во облик на круг со ширина од 43 центиметри и залепете ја на гумата. Таа претставува седиште на табуретката.

3. Направете уште еден таков круг од околу 38 центриметри и преку него ставете платно и сунѓер, како во видеото.

Овие табуретки се одлични и за чување на разни ситници кои Ви се потребни за секојдневниот одмор во Вашиот двор или градина.

Еве уште неколку креативни решенија за како да ја декорирате вашата градина, да изгледа како една вистинска цветна фантазија!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.