Убедливо најубавата и најлесната техника на бојосување јајца: На овој начин ќе добиете нереално убави шари!

Велигден

Техниката декупаж ќе ве воодушеви

Велигден е една од најубавите пригоди да го декорираме домот и да ја искористиме нашата креативност при бојосувањето јајца. Техниката декупаж е една од најефектните, а воедно и наједноставните. Оваа година задолжително испробајте го овој начин на украсување.

За техниката декупаж ќе ви требаат:

  • белки
  • ножици
  • најубавите отсечоци, односно мотиви од салвети
  • четкичка

Не ви треба ни лепило ни боја. Овој начин на украсување јајца, пред сè, е еколошки и нема никакви отровни супстанции. За декорација ќе ви треба само еден слој салвета, оној на којшто се наоѓа мотивот што сакате да го пресликате на јајцето.

Постапка:

Премачкајте го свареното јајце со белка и залепете го мотивот од салветата што го сакате, потоа повторно премачкајте го со белка и оставете го да се исуши. Тоа е сè!

Оваа техника на бојосување велигденски јајца го освои светот: Јајцата на пареа се величествено убави!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.