Тестираме домашни рецепти

Фото: Getty Images

Ви претставуваме неколку испробани рецепти што ќе бидат вистинско освежување за вашата кожа

Иако денес на пазарот постојат голем број препарати што ветуваат видливи резултати, зошто да не го отвориме орманчето во кујната и да посегнеме по состојките што ги користиме речиси секојдневно?

Серум за кожа

Потребно ви е: 1 лажица свежо алое или гел од алое, 1 лажица кокосово масло, 5 капки есенцијално масло од лаванда и две капки есенцијално масло од темјан.

Приготвување:

1. Помешајте ги алоето, кокосовото масло и есенцијалните масла во блендер додека се растопат.

2. Префрлете ја смесата во стаклен сад и ставете го на ладно место.

3. Можете да ја нанесувате секој ден, но секоја недела пригответе нив серум.

Освен набројаните состојки, во серумот можете да додадете и течен витамин Е или А (во форма на масло) за дополнителна хидратација на вашата кожа. Ако имате проблематична кожа склона на акни, додајте 4 капки есенцијално масло од лаванда и неколку капки масло од чајно дрво.

Крем за лице

Потребно ви е: ¼ шолја бадемово масло, 2 лажици кокосово масло, 2 лажици пчелин восок, ½ лажици витамин Е во форма на масло, 1 лажица ши-путер и есенцијални масла по избор.

Приготвување: ставете ги сите состојки во мал стаклен сад. Наполнете тенџере со вода (до половина) и ставете го на оган.

Кога ќе зоврие водата, ставете го стаклениот сад без капак во тенџерето (така што ќе го допира дното, а водата нема да влегува внатре) и оставете ги сите состојки да се растопат и да се соединат.

Повремено промешајте. Откако ќе се растопи смесата, оставете ја да се излади на собна температура, затворете го садот со капакот и чувајте го на ладно место. Нанесувајте го кремот наутро и навечер по миење на лицето.

Пилинг против старечки дамки

Потребно ви е: ½ шолјичка сварен ориз, 1 лажица сок од агава и 1 лажица лимон. Приготвување: помешајте ги сите наведени состојки и изблендирајте ги добро. Нанесете ја смесата на суви раце и нежно тријте ги рацете со кружни движења, 1-2 минути.

Ако не сте расположени за „блендирање“ и мешање на состојките во кујната, не грижете се, тука се препораките на У&З за готови производи за нега.

У&З-ИЗБОР

Ноќен серум Eucerin Hyaluron-Filler
Eau Thermale Avène Hydrance Aqua-Gel
Дневен крем против брчки Ziaja Jasmin
Дневен крем за подмладување Afrodita MA3GENIX
Маска за лице ANESI Beaute

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.