Техника на бојосување јајца што ќе ве воодушеви: Само вака ќе добиете најубави шари со боите на виножитото! (ВИДЕО)

Единствени шари

Пробајте, ќе останете без зборови

Станува збор за метод на ладно боење што сигурно ќе ве воодушеви.

За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна, претходно зовриена вода, оладен оцет, неколку салвети, стапчиња за уши и онолку гумички за тегли колку што ќе добиете бојосани јајца.

Постапка:

Сварете ги јајцата на вообичаениот начин и оставете ги потполно да се оладат. Потоа, во секоја чаша ставете по една кесичка боја за јајца. Сипете чаша ладна вода и додајте лажица оладен оцет, па измешајте ја содржината на секоја чаша за да се раствори убаво бојата.

Секое јајце посебно завиткајте го во лист салвета (ако се повеќеслојни, раздвојте ги слоевите на салветата и користете по еден за едно јајце). На врвот, врзете гумичка за тегла, па потопете го стапчето за уши во бојата и нанесувајте го спорадично на јајцата.

Кога ќе бидат обоени насекаде, оставете ги да се сушат 15 минути. Потоа, одвиткајте ја салветата. Вашите феноменални велигденски јајца се готови!

Погледнете ја деталната постапка во видеото подолу…

Природна боја за јајца од виолетова зелка: Со ниту една купечка боја нема да добиете олку убава нијанса! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.