#StayHome: 7 работи кои можете да ги направите за да се чувствувате подобро додека сте во домашна изолација

Смислувањето на активност кои може да ги правиме затворени во 4 ѕидови за многу од нас е вистински предизвик. Но, периодот кој следи би требале да го искористиме за инспиративни, позитивни и квалитетни акции со кои дополнително ќе ги засилиме семејните односи, да решиме одредени задачи, заедно со децата да учиме, да играме, ама и максимално д апостигнеме резултати кога е во прашање работата од дома.

За да не прегорите седејќи  дома треба што поквалитетно д аго поминувате времето.  Ние имаме неколку совети кои можат да ви помогнат во тоа.

ОГРАНИЧЕТЕ ГИ ДРУШТВЕНИТЕ МРЕЖИ И ПРОФИЛИТЕ КОИ ВИ СОЗДАВААТ НЕРВОЗА

Едноставно бирајте ги опциите mute или unfollow. Важно е да останеме информирани за се што се случува, но истовремено, ова е одлична пригода да направиме детоксикација и своето време да го потрошиме на оние кои не потсетуваат дека треба да бидеме благодарни, љубезни и смирени.

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВРЕМЕ ЗА ЛИЧНОСТИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ КОЕ ВЕ ТЕРААТ НА СМЕА

#StayHome е одлична можност дополнително да ја засилите врската со вашите најдраги луѓе. Разговарајте, играјте друштвени игри, садите цвеќе на балконите или дворот, гответе, гледајте ги семејните албуми. Времето искористете го за смеа и креирање на нови ритуали и успомени.

КОРИСТЕТЕ МИРИЗЛИВИ МАСЛА ВО ПРОСТОРОТ

Во потикнувањето на релаксирачка атмосфера во домот, ќе ви помогнат етеричните масла кои ви даваат мал “буст“ и ви го потикнуваат доброто расположение. Мирисот на лаванда кој не навраќа на безгрижните прошетки покрај плажа, цитруси кои го предизвикуваат летото или мирисот на еукалиптусот…креирајте во домот зен оаза која ќе ви ги разбуди сетилата.

НЕГАТИВНИТЕ МИСЛИ ЗАМЕНЕТЕ ГИ СО ПОЗИТИВНИ

Еднаш кога ќе ја препознаете негативната емоција и внатрешниот дијалог кој потикнува негативна енергија и внатрешна болка и стрес, пробајте да заборавите на сето тоа бирајќи позитивна реченица или мантра со која ќе ги замените лошите мисли…Имаме моќ сами да ги бираме мислите кои ни ги  детерминираат  нашите работи, верувања и здравјето кое сега није најпотребно од било кога.

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ДОМ

Неретко брзото темпо кое го имаме во секојдневниот живот не ни дозволува д аимаме време за организација на поединечни простории иделови од домот.  Сега е одлична можност да ги средиме фрижидерите во кујната, нашиот ходник, книгите на полиците или ормарот да го подготвиме за доаѓањето на пролетната сезона. Ќе се чувствувате добро поради новата реорганизација, паметно потрошенотот време, а ако во целата работа ви помогнат и вашите клинци забавата се дуплира.

УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ: Смена на годишните времиња

 

ТРЕНИРАЈТЕ ДОМА (ИЛИ ТАНЦУВАЈТЕ)

Искористете ја дневната или балконот за јога, HIIT тренинг, фитнес, или некој друг сет на на вежби..вие бирате.

Едноставно вклучете  YouTube и разиграјте го целиот организам на еден час.

ВОДЕТЕ ДНЕВНИК 

Не само што дневникот ќе ви стане главен “виновник“ во пронаожањето на малите работи кои ќе ви ја хранат душата, тоа ќе ви биде совршен одмор за телото и умот. Со тоа ќе ги цените ситните работи и ќе сфатите што всушност ве прави среќни.

 

.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.