Сега е вистинското време да насадите амарилис: Нема поубав цвет од овој!

Еве како правилно се одгледува дома и на тераса!

Амарилисот или камениот цвет се сади од ноември до февруари, а цути од мај од јуни

Големите раскошни цветови на амарилис или, како што уште го нарекуваат, пругест сончоглед или витешка ѕвезда или камен цвет, го разубавуваат просторот и во зимските месеци. Иако многумина не слушнале за него, оние што барем еднаш го виделе, посакале да го збогатат својот животен простор со неговата убавина.

Самото име на овој цвет кажува колку е посебен. Имено, оваа билка потекнува од тропското подрачје на Америка и се сади од почетокот на ноември, па до февруари, а цути во мај и во јуни, така што сѐ уште не сте задоцниле да го насадите.

Амарилисот има тесни долги листови и исправено цврсто стебло кое носи впечатливи, раскошни и крупни цветови во форма на труба. Цветовите на оваа атрактивна билка може да се најдат во пурпурна, портокалова, црвена, бела и двобојна боја, а токму таа разновидност го прави ова растение многу привлечно.

Со вкрстување сорти на нашиот пазар може да се најдат различни варијации во големината и формата, па познати се мини и високите форми, со двојни или едноставни цветови.

Некои од занимливостите за овој цвет се дека самата луковица може да трае и до 75 години, а одредени врсти имаат цветови со размер од шест сантиметри.

Одгледување и нега на амарилис

Одгледувањето и одржувањето на оваа собна билка е многу лесно. По цутењето на амарилисот, треба да се отсече дршката на некои 10 сантиметри од коренот. Напролет, ставете ја билката на некое топло место каде што температурата е до 15 степени Целзиусови, со многу светлина.

Во мај, пресадете го амарилисот од саксија во двор, каде што најмногу ќе му одговара и светлината и сонцето. Ако немате градина, посадете го во подлабока саксија, па изнесете го на тераса.

Амарилисот може да стои на тераса или во двор до доцна есен, кога коренот се скратува на околу 4 см, па се пресадува во саксија и се внесува внатре во домот, на топло место.

Во текот на есента намалете го полевањето на оваа билка, за таа да може да „заспие“ и повторно „да се разбуди“ напролет.

Ако планирате оваа година да го кажете судбоносното „да“, размислете за амарилис, бидејќи тој сигурно совршено би се вклопил во романтичен букет или како самостојна цветна декорација на масата.

Божиќен кактус: Ако го направите ова, бујните цветови ќе ви цутат цела зима!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.