Почнете да одвојувате и чувате луковина: Природен начин да ги бојосате јајцата во сите бои!

Се ближи Велигден!

Ви требаат само неколку билки и малку оцет

Се ближи најголемиот христијански празник Велигден и време е полека да почнеме да размислуваме за најубавиот обичај – бојосување јајца.

Со оглед на тоа што целата земја е во вонредна состојба, најдобро е да се свртиме кон природните начини на бојосување. Нашите баби бојосувале јајца исклучиво со помош на билки. И на природен начин можно е да се добие речиси секоја боја! Еве како:

Луковина за најубавата црвена или кафена

Ако ви се допаѓа бојата што ја дава луковината, време е полека да почнете да ја собирате за да имате доволна количина во Велики петок, која оваа година се паѓа на 17 април.

Во зависност од бојата на лушпата на лукот, како и тоа колку долго стоеле јајцата во водата во која сте ги вареле, јајцата ќе ви излезат понежно или поинтензивно црвени или кафени.

Интензивно црвена

Ако ги потопите јајцата во сок од вишна, ќе добиете најинтензивна црвена боја.

Жолта со помош на млечка

Пролетта ни носи и многу млечки на зелените површини. Наберете ги, откинете ги стебленцата, сварете ги цветовите во вода заедно со малку оцет и оставете ги варените јајца да стојат во неа. Друг начин да добиете интензивно жолти јајца е во литар вода да ставите три лажички куркума, две лажички оцет. Сварете ја и оставете ги јајцата да стојат во неа околу два часа.

Мелен црвен пипер дава портокалови јајца

Пет лажички црвен пипер и две лажички оцет сварете во литар вода, па ставете ги јајцата во неа.

Розови велигденски јајца

Сокот што ќе ви остане од цвеклото во тегла, сварете го со малку оцет, ставете ги јајцата да седат во него и ќе добиете нежно розови јајца.

Виолетова зелка дава тиркизна боја

600 грама исечкана виолетова зелка ставете во врела вода. За посветла боја, оставете ги јајцата во неа околу половина час, а ако сакате поинтензивна боја, оставете ги во фрижидер прекуноќ. Додајте и малку оцет.

Зелени јајца со помош на спанаќ

Околу 100 грама листови спанаќ и замрзнати боровинки иситнете во блендер и додајте 1 литар сок од боровинки. Откако ќе ги сварите и исцедите, додајте две лажички куркума во прав.

Боровинки за виолетови јајца

Сварете сушени боровинки во 250 милилитри вода. Правилото е ова: Што повеќе боровинки тоа поинтензивна боја!

На сите овие начини можете да бојосувате јајца што сте ги завиткале во чорапи и сте ги украсиле со тревки, за најубави и најприродни шари!

Мермерни велигденски јајца чекор по чекор: Секое ќе ви биде како уметничко дело!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.