Плетените држачи за саксии се апсолутен хит: Еве како да ги направите сами за 2 минути! (ВИДЕО)

Упатство чекор по чекор

Едноставно, декоративно и практично – сите ќе ви завидуваат на вака украсениот дом

За правење интересни држачи за саксии кои ќе ви го збогатат просторот, неопходни ви се само малку подебел коноп и ножици. Ние предлагаме да одберете такви во појаки бои за терасата и ентериерот да ви бидат што пошарени.

Да почнеме:

Пресечете 4 парчиња на еднаква должина. Секое нека биде околу 1 м долго.

Превиткајте ги на половина и врзете ги во јазол.

Повторно врзете во јазол по два конопа, така што ќе бидат околу 40 см оддалечени од главниот јазол на врвот.

Уште еднаш повторете ја оваа постапка на растојание од околу 10 см. Спојувајте по 2 конопа во еден јазол, така што ќе добиете мали триаголници.

Ставете ја саксијата и уште еднаш врзете ги сите конопи во поголем јазол под неа.

Можете да додадете и неколку монисти за да изгледаат уште поинтересно како што е прикажано на сликата.

Постапката навистина не е тешка, а сите детали и инструкции можете да ги погледнете во следното видео…

4 генијални идеи: Еве како да направите уникатни саксии за цвеќиња од пластични шишиња! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.