Пастелно цвеќе: Едноставен трик за совршено бојадисани велигденски јајца

Едноставен трик

Ако сте од оние што не се подготвиле навреме за Велигден, најдовме начин како да бојадисате велигденски јајца со материјал што веројатно го имате дома

Не ни недостигаат идеи за декорација на велигденски јајца, но ви предлагаме нешто сосема ново: акварел јајца.

За бојадисување вакви јајца ќе ви требаат четки за сликање (или такви што ги користите за шминкање, а ако не сакате да ги уништите можат да ви послужат и стапчиња за уши), маслени или акварел бои, а ако случајно имате бои за јајца, можете да ги користите и нив – особено оние течните. И еден црн фломастер.

Погледнете го следново видео и обидете се оваа година да нацртате сами цвеќиња на велигденските јајца.

Пред да ги спуштите во боја, завиткајте ги јајцата во алуминиумска фолија: Резултатот е генијален!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.