Ова е наједноставниот начин за чистење на тавче – Измешајте две состојки и ќе биде како ново!

Трик кој вреди злато

Никогаш не е забавно кога правите некое јадење, а притоа ќе ви загори и ќе ви се уништи тавчето.

Потоа се измачувате со чистење и миење. Но, со помош на овие неколку едноставни трикови ќе ги исчистите загорените садови за момент.

Сода бикарбона

Во тавчето истурете поголема количина сода бикарбона, малку сјај за садови и топла вода. Оставете ја смесата да делува 15 минути, а потоа исплакнете и вашето тавче ќе биде како ново.

Сол

Уште еден начин за чистење на тавчиња е крупната сол и лимон. Истурете сол во тавчето, а лимонот пресечете го на половина. Со едната половина од лимонот тријте врз солта во тавчето. Потоа исплакнете и готови сте.

Надворешниот дел на тавчето

Ако надворешниот дел на тавчето ви загори или поцрни, можете да го измиете со едноставна смеса од сода бикарбона и вода. Во чинија измешајте 1/4 вода и 3/4 сода бикарбона, па смесата нанесете ја на надворешниот дел од тавчето и оставете ја да делува 10 до 15 минути. Потоа исплакнете ја смесата, истријте го тавчето со сунѓерче и подготвено е за следна употреба.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.