Направете сами: Ефикасни средства што ќе ви помогнат да се ослободите од 3 чести тегоби

Домашна аптека

Чаевите од матичина и од мачетрева ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и мирно да спиете.

Во нашите краеви, ракијата традиционално се користи како лек за многу тегоби – реума, покачена температура, болка во грлото, забоболка и слично.

Во ракијата може да се стават и тревки и шумски плодови. На тој начин се зголемуваат нејзините лековити својства.

Ублажете ги болките со… ракија!

За ублажување болки во колената може да се приготват лековити облоги. За таа цел е потребно памучна крпа да се натопи со ваква лековита ракија и добро да се исцеди.

Болното место се мачка со маст, која ќе ја заштити кожата при директниот контакт со ракијата, па се обложува со натопената крпа.

Крпата се замотува околу коленото, се завиткува потоа со сува марама и се затегнува, но не премногу, за да може непречено да се одвива циркулацијата на крвта. Облогата се остава да отстои прекуноќ.

 

Дезинфицирајте го просторот со сода бикарбона

Покрај тоа што повремено се користи во кулинарството како замена за квасец и во голем број козметички третмани, сода бикарбона е одлично средство и за дезинфекција на работниот простор.

Течноста од вода и сода бикарбона е исклучително делотворна за одржување керамички, дрвени, метални, пластични и слични површини. Со неа може да се чистат подовите, кујнските елементи, бањата, шпоретот, фрижидерот, но и многу други предмети во домот.

Доволно е во литар вода да изматите 50 г сода бикарбона, со течноста да натопите сунѓер и со него да ги пребришете површините. Поупорните дамки прво се полеваат со сода, се оставаат малку да отстојат, а потоа се употребува и течноста.

Подобрете го квалитетот на сонот

Познати се лековитите дејства на чаевите за ублажување голем број здравствени тегоби, меѓутоа некои од нив имаат и смирувачки својства.

Ако страдате од несоница, се будите во текот на ноќта, чувствувате немир или непријатност, чаевите се тука да ви помогнат. Матичината е исклучително делотворна. Доволно е едно лажиче матичина да се прелее со 200 мл зовриена вода, да се поклопи и да се остави да отстои десетина минути, а потоа да се процеди.

Дозволено е да се пијат до три шолји чај од матичина дневно. Исто така, сличен ефект има и чајот од корен од мачетрева, попозната како валеријана. Едно лажиче од овој чај треба да се прелее со 150 мл зовриена вода. Откако ќе отстои 10 минути, се процедува. Може да се консумира неколкупати дневно.

Овие два чаја може да ја ублажат мигрената, како и упорните грчеви.

Текст: Убавина издравје

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.