Направете миризлива „бомба” за капење и уживајте во топла бања

Има нешто необјасниво релаксирачко во врска со топлите бањи полни со сапунска пена.

Светот „полуде” по „бомбите” за во бања во последните неколку години – заради одличните мириси, бои, светки и генијални својства кои ги имаат во случај кога се природни. Со оглед дека тие можат да бидат доста скапи, решивме  да откриеме како да направите домашна верзија на „бомба за када”. Се разбира, по многу пониска цена.

Сè што ви е потребно се состојките наведени подолу, прецизна дигитална вага, калапи и само неколку минути за подготовка.

Состојки:

  • 1 чаша сода бикарбона
  • половина чаша лимонска киселина
  • половина чаша морска сол или Епсом сол
  • ¾ чаша пченкарен скроб
  • 2 лажици масло по ваш избор (кокосово, бадемово, маслиново)
  • 2 лажици вода
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 30-40 капки есенцијално масло или зачин во прав (ѓумбирот е одличен избор)
  • природни бои што можете, но не мора ги додавате (само заради бојата)

Подготовка:

1. Измешајте го маслото по ваш избор и есенцијалното масло со сода бикарбона.

2. Додадете ги другите суви состојки: сол, лимонска киселина, пченкастичен скроб и измешајте додека не се соединат. Додадете го зачинот во прав ако користите.

3. Полека додадете етерични масла и вода во смесата. Препорачуваме да наполните шише со спреј и да додадете лесно прскајќи за да го одржите односот на секој дел рамномерно.

4. Добро разработете со вашите раце (носете ракавици ако имате чувствителна кожа).

5. Месете додека смесата не е компактна и повеќе не се распаѓа во вашите раце. Ако видите дека сè уште е премногу сува, додадете уште малку течност.

6. Втиснете ја смесата во калапите или моделирајте ја со вашите раце и оставете да отстои 48 часа или додека не се зацврсти целосно. Смесата најверојатно ќе расте, така што можете цврсто да ја притиснете во калапите секој пат (најдобро е да користите метални).

7. Откако ќе се исуши, извадете и ставете во платнена вреќа и искористете ја во рок од две недели.

Прочитајте и: Направи сама: 3 маски за нежни и негувани дланки

 

ФОТО: Instagram, Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.