Кафе „далгона“: Зошто беше толку тешко да го направите сами?
Најдобро чуваната тајна сега достапна за сите!
Крем-кафето или кафе „далгона“ беше една од најдобро чуваните тајни во светот… додека луѓето почнаа да го приготвуваат на Тик-Ток. Сега истата техника се користи и за крем-јагоди и чоколадно млеко!
За приготвивање на кафе „далгона, потребни ви се само три состојки и мелко по ваш избор. По доброто матење, готовиот производ во основа е воздушесто облаче од феноменално кафе, кое ќе го замешате во вашето млеко и ќе добиете вкусно ледено кафе. Доволно лесно, но луѓето најдоа уште повеќе начини да го персонализираат овој рецепт, приготвувајќи го со мача-прав, разни додатоци…
За кафето користете инстант-кафе, шеќер и вода од кои ќе го приготвите кремавиот дел, кој ќе го послужите врз мраз и млеко.
Трикот е во имањето еднакви делови инстант-кафе, шеќер и вода, кои ќе ви помогнат во контролата на вкусот за да се осигурите да не ви биде премногу горчливо.
Изматете јагода во прав и помешајте ја со кремот за да добиете доволно густа смеса. Доколку сакате, со шеќерот можете да помешате и чоколадо во прав, бидејќи овој рецепт навистина може да се приспособи кон вашите желби.
Фото: Getty Images
Видео: Инстаграм