Хрватска му врачи специјално признание на Влатко Стефановски!

Признание за виртуозот на гитара

Четврто доделување на наградите TOP.HR MUSIC AWARDSA во Загреб ги собра најголемите ѕвезди од регионот на едно место. На оваа забавна манифестација во организација на Хрватското дискографско здружение и телевизијата РТЛ на македонскиот музичар Влатко Стефановски му беше врачено специјално признание Multi-platinum Award!

Претходно Мултиплатинумските награди на Хрватското здружение за дискографии за нивните музички достигнувања им беа доделени на Жељко Бебек и групата YU.

Со четвртата церемонија на доделување на Top.HR, беше одбележана и 75-годишнината на Croatia Records (поранешен Југотон), благодарение на која беа создадени безброј музички албуми кои го збогатија локалното и регионалното културно музичко наследство

Коментарите се заклучени.