(ФOTO) Шакира прашува: „Кој Жерар?!“, собори 14 Гинисови рекорди со „Music Sessions Vol. 53′

Апсолутна победничка

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира собори 14 Гинисови рекорди со нејзиното последно издание „Music Sessions Vol. 53“. Импресивниот подвиг го постигна преку нејзината соработка со аргентинскиот диџеј и продуцент Бизарап.

„Music Sessions Vol. 53“, песна која беше објавена во јануари, предизвика возбуда на интернет со нејзините стихови кои како стрели беа упатени до поранешниот партнер на Шакира, шпанскиот фудбалски феномен Жерар Пике.

Двајцата објавија дека се разделуваат во јуни 2021 година по 11 години заеднички живот и две деца. И покрај ова, Шакира продолжи да доминира во музичката индустрија.

За да го прослават нејзиното извонредно достигнување, Шакира и Бизарап ги прифатија почестите зад сцената на The Tonight Show Starring Jimmy Fallon пред да го изведат хитот.

Рекордите кои Шакира ги сруши со „Music Sessions Vol. 53“ се:

* Најмногу стримувана латинска песна на Spotify за 24 часа: 14.393.324 преноси

* Најгледана латино песна на YouTube за 24 часа: 63.000.000 посети

* Најбрзата латинска песна која достигна 100 милиони прегледи на YouTube: за два дена и приближно 22 часа

* Најмногу стримувана латино песна на Spotify за една недела: 80.646.962

* Прв женски вокал кој дебитираше во Топ 10 на Billboard Hot 100 со песна на шпански јазик

* Број 1 на топ-листата Latin Airplay на Билборд од женски изведувач

* Прва жена уметник која се замени себе на местото бр. 1 на топ-листата Latin Pop Airplay на Билборд

* Најкумулативни недели на бр. 1 на топ-листата Hot Latin Songs на Билборд од женски изведувач

* Најмногу Топ 10 хитови на топ-листата Hot Latin Songs на Билборд од женски изведувач

* Најмногу Топ 10 хитови на топ-листата Latin Airplay на Билборд од женски изведувач

* Најмногу бр. 1 на топ-листата на Latin Pop Airplay  на Билборд од женски изведувач

* Најмногу Топ 10 хитови на топ-листата Latin Pop Airplay на Билборд од женски изведувач

* Најмногу бр. 1 на Billboard’s Latin Digital Song Sales листата за продажба на латински дигитални песни.

* Најмногу освоени листи на Билборд кои се на врвот со песна на шпански јазик од женски изведувач.

 

Коментарите се заклучени.