Еве како да сварите јајца, а да не ви пукнат: Трик што секој мора да го знае пред Велигден

Пукањето на јајцата за време на варењето може да се случи од разни причини, но постои начин да го избегнете тоа и да имате јајца совршени за „кршење“ на Велигден.

За да можете да се кршите со јајцата, бојата да не навлезе внатре и успешно да ви се бојадисаат, лушпата треба да биде целосно неоштетена, затоа искусните домаќинки користат трикови во кујната.

Она што е особено важно е јајцата да не се варат на највисока температура и да имаат простор да пливаат во водата.

Ако ставите премногу јајца, тие ќе се удираат при вриење на водата и постои голема веројатност да пукнат.

Добар начин да го избегнете ова е да ставите помалку јајца, мешајте ја водата додека зоврие, варете ги неколку минути и потоа оставете ги да отстојат во таа вода 20-30 минути.

Добриот стар оцет освен што е одличен за дезинфекција и за многубројни трикови во домаќинството, искусните домаќинки знаат дека една лажица оцет во водата во која се варат јајцата е доволна тие да не пукаат!

Бабите советуваат да користиме и сол, иако најчесто се користат заедно – лажица оцет и прстофат сол.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.