Еве како да насадите и негувате лимоново дрво: Ќе раѓа плодови каде и да живеете!

Упатство!

Ја знаете изреката: Ако животот ви даде лимон, направете лимонада? Ние ви предлагаме: Ако животот ви даде семе од лимон, насадете го и одгледувајте свежи овошки

Општото мислење е дека лимоновото дрво успева само на места со топла и сончева клима. Но вистина е дека тоа може да расте и да раѓа и во затворени и добро климатизирани простори.

За да добиете плод од дрво што сте го одгледувале од почеток, од семе, ќе ви требаат 3 до 6 години – но вреди!

Како да насадите лимон:

1. Набавете органски лимон (можеби е скап, но ќе ви требаат само неколку овошки)

2. Извадете ги семките од него

3. Пригответе мешавина од земја за вашето идно дрво од лимон (цитрусот најдобро расте во мешавениа од тресет, перлит, вермикулит и органско ѓубриво). Земјата мора да биде доволно мека за да пропушта вода. Ако земјиштето е премногу згуснато, додајте лушпи од кора од дрво која ќе го направи повоздушесто.

4. Одберете саксија од теракота со пречник од 20 сантиметра. Може да користите и пластична саксија, како и таква направена од дрво. За почеток, многу е важно семето од лимон да го насадите во помала саксија додека порасне.

5. За да изрти семето, му требаат 10-14 часови светлина, па затоа изложувајте го на вештачка светлина ако му недостига природна. Обезбедете му светлина, како што се прави за штотуку родените пилиња – со сијалица над саксијата. Покрај светлината, таа ќе го грее семето и саксијата.

6. Со распрскувач полевајте ја саксијата и семките секој ден. Најдобро би било водата да биде млака, а земјата добро навлажнета.

Постапка за садење:

1. Сварете чај од камилица, па оставете го да се олади. Пресечете лимон, па извадете ги семките од него. Голите и неоштетените семки од лимон ставете ги во млак чај од камилица.

2. Саксијата до пола наполнете ја со земја, па добро полејте ја, се’ додека не биде рамномерно натопена. Потоа, наполнете ја саксијата речиси до врвот, па повторно налејте ја.

3. Наредете ги семките рамномерно низ саксијата, па прекријте ги со нов слој на земја (на длабочина од околу 3 сантиметри), па повторно наводнете ја земјата. Истапкајте ја малку земјата за убаво да налегне.

4. Покријте ја саксијата со пластична фолија и оставете ја на топло место. Внимавајте земјиштето да биде топло и влажно за да изрти семето. По две недели ќе дојде до никнување на лимонот.

Кога лимоновото дрво ќе порасне малку, мора да го нахраните. Обидете се да го храните два пати годишно, но никогаш преку листот.

Земјиштето околу дрвото не смее да биде суво, но не смее никогаш да биде ни во баричка вода. Не смее да му недостига светлина. Ако нема природна светлина, обезбедете му вештачка.

Уште нешто многу важно: дрвото од лимон обожава кога му се обраќате, кога му зборувате, му пеете…

Ако го направите сето ова како што е објаснето, ќе уживате во прекрасните плодови на вашиот труд.

Сакате да уживате во домашна градина? Овие 10 билки се садат еднаш, а цутат 10 години и не им треба голема нега!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.